Новости

Македонија

Еве на кои патни правци има забрана за тешки товарни возила

Забрани за тешки товарни возила има на следните патни правци:

Од 18:10 ч се воведува забрана за ТТВ на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.

Од 16:46ч се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.

Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила. На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Евротип
Евротип
To Top