Новости

Македонија

Евзони се уште затворен, сообраќајот се одвива преку Дојран и Меџитлија

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 20 метри има на патниот правец Крак Маврово- Крак и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола се уште е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4×4.

GOLD
To Top