Новости

Македонија

ЕВН ќе има обврска да ги чита струјомерите 4 пати годишно

Откако поскапе струјата пред шест месеци, сандачето на Омбудсманот почнало да се полни со претставки за паушално фактурирани сметки.

Поради ова Регулаторна ќе го корегира Правилникот за снабдување со струја. Наместо еднаш, електродистрибуција сега ќе има законска обврска најмалку 4 пати годишно да ги отчитува броилата на домаќинствата.

Надлежните се надеваат дека ова ќе помогне да се намалат малверазциите со регистрираната потрошувачка на струја, а граѓаните да можат без проблем да ги подмират сметките.

Финалниот изглед на границите за блок тарифите сѐ уште се подготвува. Зибери не гледа ништо дискриминирачко или противуставно во оваа мерка.

ЕСМ има уште 10 дена да се пријави на тендерот на ЕВН Хоум и од тоа најмногу ќе зависи како ќе изгледа новата цена на струјата која ќе ја плаќаме од 1 јули. МЕПСО веќе побара 60% зголемување а Електродистрибуција 80%.

Евротип
SNBROKER
To Top