Новости

Македонија

Електронски регистар и ортопедски помагала за слепите лица на товар на Фондот

Слепите лица ќе добиваат ортопетски помагала на товар на Фондот за здравствено осигурување, а ќе имаат и свој електронски регистар. Министерот за здравство Беким Сали на денешната средба со коалицијата „Менуваме“ ги прифатил нивните барањата.

Со ова, според Суарет Алиша од коалицијата „Менуваме“, ќе бидат опфатени околу три и пол илјади лица.

По средбата со министерот Сали, во изјава за медиумите, Алиша истакна дека ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид како што се белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни ќе бидат на товар на Фондот на Министерството, а воедно ќе биде создаден и електронски регистар за деца и лица со попреченост кој ќе помогне во делот на користењето на правата на овие лица.

-Откако сме независна и самостојна држава отсега натаму во соработка со Министерството за здравство и министерот преку новиот тим ќе направиме програма каде ќе биде програма на Министерството во првите две години за да можат овие лица да ги користат своите права кои досега не можеа, изјави Алиша.

Истакна дека исто така разговарале и да нема поделба на вработени и невработени и лица кои учат и не учат, туку сите да ги користат ортопетските помагала.

-Порано беше ако учи или работи има право да користи на товар на Фондот, сега предлагаме и тоа да се тргни, да нема поделба, ќе иницираме да се создаде регистерот за лицата со попречености, Министерството за здравство ќе го создаде тој регистер, а после тоа ќе се поврзат и Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, каде ќе можат заедно тој регистран да го имаат на увид, и да знаат колкав број имаме и кои се потребите на овие лица, министерот за овие две прашања не посочи кон правното одделение, да ги изработиме овие предлози, и согласно програмата на Министерството за здравство да бидат достапни, појасни тој.

Тој изрази задоволство од позитивниот одговор од министерот Сали меѓутоа, се пожали од односот на министерката за труд и социјална политика, посочувајќи дека е „дискриминирачки“.

Според Алиша, овие барања иако се големо олеснување, не ги решаваат сите проблеми.

-Ова за жал е само капка во морето, но искрено ова е прв министер кој одлучи да го реши овој проблемот, инаку другите наши барања се јасни и се однесуваат на асистентите. Министерката е време да седне со нас, бараме 35 проценти од просечната плата, по вчерашната изјава каде што вели дека овие лица не биле ставени на пазар на труд, сакам да и порачам дека нема врска додатокот со примањата за попреченост, и слепото лице кое работи користи додаток на попреченост, тоа значи дека министерката не си го знае законот, изјави Алиша.

Алиша, исто така, ја демантира министерката дека Министерството обезбедува средства преку инвалидската организација да користат терапевтски помагала, велеќи дека доколку тоа е точно не би доаѓале денеска пред министерот за здравство.

Тој предложи и формирање на Национална агенција за лица со попреченост, преку што, како што вели, ќе се знае какви лица со попречености има, и кои се нивните вистински потреби. Алиша, исто така, најави дека најдоцна до утре ќе испратат писмо до Брисел во кое ќе се жалат, за како што рече „непрофесионален и дискриминирачки однос“ на министерката Тренчевска.

Евротип
SNBROKER
To Top