Новости

Македонија

Железничкиот сообраќај сѐ уште во прекин

Железничкиот патнички и товарен сообраќај во Македонија седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата.

Од  Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека немаат повратна информација од раководството на МЖ Транспорт, ниту најава за средба и разговори.

– Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување – вели Ѓоко Илиески од Иницијативниот одбор на протестот.

Вчера, директорот на МЖ Транспорт, Никола Костов поднесе оставка

GOLD
To Top