Новости

Македонија

Забраната за движење од денеска почнува во 21 часот

Од денеска, до 15 мај, забраната за движење ќе почнува во 21 и ќе трае се до 5 часот наутро, одлучи Владата на вчерашната седница по препораките на Комисијата за заразни болести. Истовремено, исклучок од забраната за движење ќе има на 1 кон 2 мај, за верскиот празникот Велигден, како и меѓу 13 и 14 мај, за верскиот празник Рамазан Бајрам.

Владата усвои и измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето од ковид-19, па така, од денеска, сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на објектите, и тоа до 20 часот и 30 минути.

Евротип
Евротип
To Top