Новости

Македонија

Заев: Владата не треба да поднесе оставка, одлуката за Филипче ќе ја донесам врз основа на извештајот

Владата не треба да даде оставка по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, истакна денеска премиерот Зоран Заев по обраќањето на Енергетскиот форум „Македонија 2021“. Премиерот нагласи и дека ќе ја донесе одлуката во врска со понудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата.

– Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка – изјави Заев.

Тој посочи дека Филипче и понатаму ги извршува работните обврски.

– Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер, тој ќе ги извршува обврските – рече Заев, повторувајќи дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.

Премирот посочи дека нема конкретна информација за одвивањето на истрагата.

– Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти-форензичари од МВР работат заедно со тимови од ДЗС за пожарите, а стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат, бидејќи тоа го бараат граѓаните, но и Владата и институциите. Извештајот да биде експертски и да ги даде сите одговори – истакна Заев.

Евротип
Евротип
To Top