Новости

Македонија

Заев: Договоривме два и пол милиони вакцини и тоа е повеќе од потребното

Нов рок најави премиерот Зоран Заев за пристигнување на вакцините на „Фајзер“ со кои треба да почне да се вакцинира населението. Заев напомена дека очекува од „Фајзер“ да стигнат 21.000 доза на крајот на месец март.

„Стигна договорот од „Фајзер“, на крајот од март добиваме 21.000 доза, а поголема количина доаѓа во вториот квартал од годинава“, изјави Заев и ја потенцираше причината за ваквото доцнење.

„Не станува збор за несериозност, едноставно целиот Свет има проблем во испорака на вакцините. Има недостаток на вакцини во целиот свет. Сакам да истакнам дека како Влада имаме направено повеќе од тоа што треба за да обезбедиме вакцини“, рече премиерот на денешното присуство на изградба на нов далновод Штип-Овче Поле.

Заев напомена дека земјава има нарачано вкупно 2,5 милиони дози од различни производители. Додаде дека 800 илјади се директно од Фајзер, 833 илјади преку Ковакс механизмот, 400 илјади од Кина и 200 илјади од Русија.

„Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот за Западен Балкан и со тоа стигнуваме до бројката од 2,5 милиони“, најави Заев.

Моментално во тек е вакцинацијата на сите здравствени работници. Извакцинирана е првата линија – оние од КОВИД-центрите.

Од комитетот за имунизација ги имаат проектираните бројки на властите и очекуваат да ги наполнат фрижидерите веќе кон средината на пролетта.

GOLD
To Top