Новости

Македонија

Заев зема највисока плата, втор на листата е министерот Спасовски

Владата ги објави платите на кабинетот на премиерот Зоран Заев. Најголема плата зема премиерот Зоран Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата е 87.813 денари.

На второ место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). Следува министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која зема 74.273 денари (28 години работен стаж).

Радмила Шекринска, министерката за одбрана добива 72.989 денари, а министерката за култура Ирена Стефоска 72.670 денари.

Следуваат вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи со по 71.385 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи добиваат по 70.102 денари плата.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски зема 64.970 денари, плус 5132 денари за минат труд од 15 годишниот стаж, со што вкупната нето плата му е 70.102 денари.

Личниот доход на министерот за здравство Венко Филипче е 68.179 денари.

Најмали плати добиваат министрите Насер Нуредини и Јетон Шакири со по 65.612 денари.

GOLD
To Top