Новости

Македонија

Заев: Знаевме дека се руските пранкери, а не Грета

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за последната аудио-снимка во која разговара со руските пранкери денеска одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Билал Касами рече дека однапред пред телефонскиот разговор знаел дека тоа не се повици од активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко.

– Да ве потсетам уште кога се случи првиот разговор ние јавно објавивме дека потоа имаше повторен обид за хибриден напад, буквално со модерни технологии менувајќи го гласот на славната Грета. Тогаш објавивме детали и во разговорот слушате дека молчам во долги паузи за да ги оставиме да зборуваат. Го информиравме семејството на Грета и тие се згрозија од тоа. Видовме колку може овој свет да биде загрозувачки за државите, градовите, поединци, граѓаните и општеството. Овој обид за манипулација веќе беше фатен со почитување на протоколите после првиот случај што се случи во нашата земја, рече Заев пред медиумите.

Руските пранкери Вован и Лексус вчера го објавија разговорот кој поранешниот премиер Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“.

Заев го напаѓа францускиот претседател Емануел Макрон за кого се согласува со мислењето на лажната Грета дека е ужасен човек. Експремиерот, исто така, ѝ ветува на лажната Грета дека ќе ги затвори аеродромите поради нејзиното мислење оти на тој начин ќе се сопре загадувањето на воздухот, а во разговорот се вклучува и „таткото“ на Грета со кого Заев разговара за пушење марихуана.

Извор: faktor.mk

GOLD
To Top