Новости

Македонија

Заев и Мицкоски се договорија – пописот одложен

На лидерската средба е договорено да се одложи пописот, наместо во април ќе се одржи во септември, изјави Мицкоски на прес-конференција и додаде дека доколку има потреба и во иднина ќе се одржуваат вакви лидерски средби.

Веднаш потоа прес-конференција одржа и премиерот Заев на кој кажа дека постигнаа договор заради вакцинацијата на населението, но и попишувачите, да се одложи пописот во септември.

Во меѓувреме, апликацијата за самопопишување останува активна.

GOLD
To Top