Новости

Македонија

Заев и Царовска: Заедно ќе направиме се за учениците да имаат успешна година

Денеска претседателот на Владата, Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, придружени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обратија по повод првиот училишен ден во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош.

„Сепак мора да признаеме дека оваа школска година што не е како ниту една од претходните. Заради пандемијата од коронавирусот, оваа година вон училиштата ќе се спроведуваат мерки за заштита на здравјето на децата и на наставниците.

Сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање во целиот овој процес. Ако сите се придржуваме до мерките полесно ќе ја поминеме оваа училишна година и на тој начин ќе се погрижиме таа да биде единствена и последна ваква. Вие децата сите сте многу паметни и љубопитни. Тоа е многу добро. И секогаш да си бидете љубопитни.

Јас сум убеден дека токму заради вашата љубопитност вие сите веќе знаете зошто ќе треба да носите маски, да се дружите малку пооддалечени еден од друг и редовно и почесто да ги миете рацете. На тоа ќе ве потсетуваат вашите наставнички и наставници, а вие ќе бидете умни и ќе ги следите нивните совети. Постојано носете маски, одржувајте растојание со другарчињата и често миење на рачињата. Ова да си го повторуваме секој ден, и секој ден да ги потсетуваме своите другарчиња“, рече Заев.

Царовска во своето обраќање истакна:

„Дека ќе има многу предизвици. И вие учите и ние учиме од овој процес. Со овој предизвик нашата држава и нашиот образовен систем се среќава прв пат. Ја започнуваме учебната година во поинакви услови. И не дека тоа сакаме да биде така, туку мораме.

Цел свет се соочува со голема пандемија и сите се прилагодуваме на новото време. Но заедно, ако се поддржуваме, ако се грижиме најмногу за децата , да стекнат знаења, да добијат нови информации, да се развиваат соодветно за нивната возраст, тогаш сме ја завршиле нашата работа.

Може во мене да гледате партнер, затоа што нема да се секирам за бирократија, за административните работи.

Тие се дел од законите, но сега ми е најважно да сме посветени на нашите деца, да сме посветени едни на други и годината ќе ја завршиме успешно. Родители и вас не ви е лесно, да одите на работа, да се грижите каков е образовниот процес во училиште, да размислувате дали можеби детето има или нема покачена температура додека сте на работа.

Но новото време ни го носи тоа.

Повторувам, не сме тука затоа што сакаме туку затоа што мораме.

И овој предизвик ќе го надминеме и ќе покажеме дека и во ваква ситуација и во вакви услови нашата држава нашиот образовен систем знае да се носи со ситуацијата и знае да создаде услови за успешна 2020/2021 учебна година. Првачиња, нека ви е успешен стартот на учебната година и на сите ученици нека им е успешна годината“.

GOLD
To Top