Заев најави легализација на марихуаната во туристичките места

Премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места. Тој во интервју за македонската редакција на „Дојче веле“ истакна дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогнат на туризмот и на угостителството.
– Верувам дека за мала земја тоа може да донесе сериозен развој на угостителството и туризмот, имајќи ги предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места – вели тој.
