Новости

Македонија

Заев очекува почеток на масовната имунизација на населението на крајот на март или почеток на април

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека додека не се добие одлука од производителите дека вакцините се товарат, тие не можат точно да кажат кога ќе пристигнат вакцините за масовна имунизација на населението. Тој рече дека следната недела треба да пристигне втората доза за 3.000 здравствени работници од руската вакцина „Спутник В“, но и очекува дека кон крајот на месецов ќе пристигнат првите количини вакцини преку Ковакс механизмот од „АстраЗенека“.

Додека не потврдат одлука од ‘Фајзер‘, ‘Спутник‘ или ‘Синофарм‘ дека вакцините се товарени, ние не можеме точно да кажеме кога ќе стигнат, изјави премиерот Заев

Заев додаде дека на 30 март во земјава ќе пристигне кинескиот министер за одбрана и премиерот очекува тој да даде попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини во земјава.

Сепак, премиерот очекува масовната имунизација на населението во земјава да започне кон крајот на март или почетокот на април.

„Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението“, изјави премиерот Заев.

GOLD
To Top