Новости

Македонија

Заев: Страв ми е да кажам дека во недела ќе стигне првата пратка од 3.000 руски вакцини

Премиерот Зоран Заев со страв најави дека првата пратка од 3.000 руски вакцини ќе пристигнат во земјава во недела.

„Ја имам информацијата. Првите 3.000, ама како да кажам ако не стигнат… Во недела ги очекуваме 3-те илјади преку ДХЛ да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти тие во промет“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Карпош.

За остатокот до 100 илјади вакцини, колку што се нарачани од Русија, тој рече дека се очекува да пристигнат следната недела.

Премиерот потоа повтори дека имаме договор „Фајзер“ и до крајот на март ќе добиеме 21.000 доза од вакцините.

GOLD
To Top