Новости

Македонија

Започна пробивањето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и заменик-директорот на претпријатието, Благојче Трпевски, денеска извршија увид во градежните работи на дупчењето на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка Клисура.

Тунелот е составен од две цевки, и тоа тунелот во правецот кон Прилеп со должина од 139 метри и тунелот кон Градско со должина од 159 метри.

Изградбата на овој тунел се очекува да биде завршена за една година.

„Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од Градско до Прилеп и на двете делници се гради со полна пареа. Нема повеќе калкулации.

Денеска, со директорот на ЈП за државни патишта се наоѓаме на увид на дупчењето на тунелот кон Прилеп, еден од најкаректеристичните објекти на оваа траса.

Овде ќе се изградат две тунелски ленти, едната кон Прилеп со должина од 139 метри и другата кон Градско со должина од 159 метри.

Изведувачот е комплетно мобилизиран и на располагање ги има сите потребни ресурси од кадар, работна сила, механизација со опрема и материјали за изведба на тунелите согласно динамиката на изградба“, изјави Бочварски.

Тој исто така потенцираше дека во Министерството за транспорт и врски заклучно со месец октомври има одлична реализација на капиталните инвестиции, што дава оптимизам дека до крајот на годината ќе има висок процент на реализација на капиталните проекти.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека интензивно се работи на експресниот пат Градско – Дреново, кој е поделен во три делници.

Евротип
SNBROKER
To Top