Новости

Македонија

За една недела во Тетово четворица членови од едно семејство починале од ковид-19, се заразиле на свадба

Четворица членови од исто семејство починале во ковид центарот во тетовската болница, потврди објави Слободен печат.

Сите четворица пациенти биле од исто семејство и според едпидемиолошката анкета дале податок дека присуствувале на свадбена прослава, а починале во период од една недела.

Сега е пандемија. Насекаде треба да има аларм за негрупирање и дистанца. Кај нас тие мерки не се почитуваат и за жал имаме многу голем број починати. Повеќето се со слаб имунитет и се е генетика. Имаме починати неделава четворица од исто семејство. Тие се заразиле на свадба и за жал починаа. Лицата се од една фамилија, живееле во две куќи една до друга и постојано биле во контакт. Кога се зема целата фамилијарна анамнеза, се гледа дека имаат наследни болести и слаба генетика. Имаме и семејства каде имале многу тешка клиничка слика па излегле со добри резултати од болница. Граѓаните не се чуваат, имаат слаб имунитет и повеќето се невакцинирани. Седат во групи, не носат маски, а не се вакцинирани, изјави доктор Миранда Пајазити.

Евротип
SNBROKER
To Top