Новости

Македонија

За една недела ќе се донесе одлука за организирање на свадбите

Комисијата за заразни болести не даде зелено светло за организирање на свадби и веселби во угостителските објекти.

Заклучокот е дека не се створени услови за организација на ваквите настани со оглед на моменталната епидемиолошка состојба која се манифестира со зголемен број на потврдени случаи на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите.

„Претставници на организацијата ХОТАМ побараа да се организираат свадби. Се разгледуваа протоколите коишто тие ги предлагаат, меѓутоа заеднички беше заклучено дека треба да помине уште најмалку една недела, што значи дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите“, наведе Филипче.

Минатата недела Владата дозволи да се организираат концерти на отворено со преполовен капацитет, задолжително носење маски на сите гости и продавање карти онлајн за да не створаат гужви на билетарниците.

GOLD
To Top