Новости

Македонија

За една недела 1231 повик на „Ало докторе“

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатите седум дена (од 13 февруари до 19 февруари) имало 1.231 повик, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 140.013 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со хронични заболувања, респираторни, кардиоваскуларни симптоми, главоболки, зголемена телесна температура, кашлици и симптомна болка.

GOLD
To Top