Новости

Македонија

За отворање на аеродромите и граничните премини се подготвува протокол за влез и излез од државата

Одлуката за повторното отворање на аеродромите ќе биде дел од отворањето на граничните премини што ќе се носи откако Комисијата за заразни болести ќе направи соодветни протоколи за влез и излез во државата за што денеска доби задолжение од Владата која усвои олабавување на повеќе рестриктивни мерки меѓу кои укинување на полицискиот час и повторно отворање на угостителските објекти.

– Дадов задолжение до Комисијата за заразни болести да направат соодветни протоколи за влез и излез и на територијата и од територијата на Република Македонија и тогаш ќе ја носиме заедничката одлука кога ќе се отворат граничните премини и кога ќе се отворат и аеродромите односно граничните премини коишто се наоѓаат на нашиот меѓународен аеродром или на аеродромот во Охрид, информира премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по владината седница.

Во однос на превозот на патници, како што рече, веќе е донесена Уредба како и на кој начин да се врши јавниот превоз.

-Важно е во возилата да имаме толку патници колку ќе се овозможи доволна дистанца помеѓу патниците, да имаат заштитна опрема и на таков начин да се спроведува јавниот превоз, потенцира Спасовски.

GOLD
To Top