Новости

Македонија

За три дена 176 позитивни, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022):

Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2, Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), нема пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.

Евротип
SNBROKER
To Top