Новости

Македонија

Зголемување на ковид позитивни случаеви, засега нема нови мерки

Во последните три дена регистрирани се 899 случаи, од направени 2.466 тестови, починати нема.Засега нема потреба од нови мерки бидејќи според Комисијата државата се наоѓа во зелена зона со доволно капцитети за згрижување на пациентите. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Од вкупно 2.719 активни случаи, најголем број се во Скопје – 1390, а во Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Од ЈСП вчера апелираа граѓаните да носат задолжително маска во јавниот превоз.Тие посочија дека немаат шправо да казнуваат, но сепак се се остава на свеста на граѓаните.

Лекарите апелираат да се следат препораките на Министерството за здравство, да се вакцинираат граѓаните над 60 години, особено ризичните групи, а останатите да ги следат превентивните мерки. Препорака е вакцинацијата меѓу трета и четврта доза да биде најмалку четири месеци.

Во Куманово секојдневно се зголемува бројот на вакцинирани лица.Секојдневно се вакцинираат по 50-тина лица.

Досега во земјата се направени 2.098.561 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, а на починати 9.339.

Евротип
SNBROKER
To Top