Новости

Македонија

Земјотресот во Грција почувствуван во цела Македонија со интензитет од III-IV степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 4.3.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Земјотресот се случи во 19 часот и 38 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML5.9. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван на целата територија на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

GOLD
To Top