Новости

Македонија

Значително затоплување на времето од среда

Сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат утре во текот на ноќта и рано наутро во вторник, како и во среда преку денот, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Евротип
SNBROKER
To Top