Новости

Македонија

ИВЗ ја започна изградбата на Центарот за воспитување, култура и наука во Битола

Со присуство на бројни гости, верници, муфтии и поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи беше поставен камен темелникот за изградба на Центар за воспитување, култура и наука во Битола.

„Денеска е поставен камен темелник на овој објект кој е вакф на ИВЗ Муфтиство Битола и се надевам дека овој камен темелник ќе биде од големо значење бидејќи ова е капитална инвестиција и е објект со заштита од втора категорија според законот на Министерството за култура, што значи дека на овој начин ги штитиме и обејктите кои се поставени под заштита од прва и втора категорија. Ние муфтиството на ИВЗ во координација со Ријасетот на ИВЗ и поглаварот Реисот Улема одлучивме овој објект да го користиме за потребите на нашето муфтиство, за потребите на нашите верници како еден културен центар кој ќе му служи на сите верници и на сите граѓани на територијата на муфиството на ИВЗ во Битола.” – изјави битолскиот муфтија Амит Расими.

Расими во говорот што го одржа пред присутните, рече дека на почетокот од градбата на овој објект први кои се понудиле за помош биле православни Македонци.

Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Ефенди Фетаи подвлече дека овој обејкт е значаен затоа што ќе биде Центар за образование и едукација, односно центар на знаење и култура.

„На оваа територија внатре во рамките на Муфтиството на ИВЗ – Битола се внесува еден многу значаен елемент – елемент на знаење и наука. Во името на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија ја користам приликата да му честитам на муфтијата и на Муфтиството и на сите граѓани во Битола за почетокот на изградбата на Центарот за образование, едукација и наука.” – изјави Фетаи.

Поглаварот на ИВЗ, пред присутните повика на солидарност, почит и толеранција помеѓу сите граѓани во Македонија.

Мартин Николовски

GOLD
To Top