Новости

Македонија

Измените на законот за тутун пред пратениците, неизвесно е кога ќе продолжи откупот

Почна собраниската процедура за измените на законот за тутун со крајна цел да се отворат повторно откупните пунктови и да продолжи откупот на тутунот.

Но се уште никој не може да каже кога точно би се отклучиле вратите на монополите за да може да преземаат тутун бидејќи според собраниските процедури сега треба за оваа измени да расправаат законодавно правната комисија и комисијата за земјоделство па дури потоа да се врати законот повторно на гласање пред пратениците.

Министерот за земјоделство изјави дека не се чувствува одговорен за тоа што доцна поднел барање за измена на законот во време на корона и протести кои го пролонгираа откупот.

Токму заради протестите и заради слабата динамика на откуп тутунарите уште во текот на јануари укажуваа дека нема да се стаса со откупот на целиот тутун ако не се воведат саботи и недели. Според нив министерството кое секојдневно има преглед колку е откупено можеше многу порано да предвиди законски измени а не сега да ја префрла вината за затворените пунктови на заглавените процедури во собранието. И додека според министерството за откуп чекаат милион килограми тутунарите велат дека на терен има повеќе од три милиони тони неоткупен тутун.

GOLD
To Top