Новости

Македонија

„Индискиот сој“ детектиран и во Македонија, пациентот се вратил болен од Ирак

Прв случај на потврден индиски или делта сојот  во Македонија.

Минатата недела кај еден пациент кој е хосптилизиран во приватна болница бил потврден индискиот или делта сојот. Според анкетата направена во болницата пациентот се вратил од Ирак, каде бил претходно 10 дена бил болен и бил во болница. Тој е во стабилна состојба и со посебно санитетско возило бил пренесен во приватна болница, потврдуваат од министерството за здравство. Засега е исклучен ризикот да го пренел вирусот на други луѓе во Македонија, бидејќи не бил со никого во контакт. Освен информацијата од министерството за здравство засега нема повеќе информации од приватната болница каде е хоспитализиран пациентот. Последната анализа за ББЦ од страна на тамошните експерти е дека овој сој е попренослив од алфа или од британскиот сој. Засега според експрите кои ги контактирле ББЦ нема докази дека било кој нов сој е поопасен. Ризикот останува најголем за луѓето кои се постари, имаат други заболувања пред се кај луѓето кои не се вакцинирани. Канал 5 правеше интервју со српскиот вирусолог Миланко Шеклер кој според досегашните истражувања за индискиот или делта сојот летово нема да има опасност од масовно ширење. Според него само имунизацијата може да го застене корона вирусот да се менува во нови соеви.

Тековните вакцини се дизјанирани за претходните верзии на корнавирусот, но научниците веруваат дека тие треба да дејстуваат иако можеби потенцијално помалку добро, се вели во истражувањето на ББЦ. Експертите се уверени дека постојните вакцини можат да се редизајнираат за подобро да се справат со појавата на мутации. Од самиот старт на панедимијата во Македонија одкако беше потврден првиот случај на Ковид 19, денеска за прв пат потврден случај само еден случах на ковид 19 во Куманово од 1.375 тестирања, починаа тројца, а оздравени се 204 луѓе.

Евротип
Евротип
To Top