Новости

Македонија

Истече рокот за одложување на пописот

Рокот за законските измени со кој ќе требаше да се одложи почетокот на пописот на населението за септември истече синоќа на полноќ. И по неколку координации, во Собранието не беше постигната согласност измените да бидат изгласани. Според актуелниот закон, пребројувањето на населението почнува денеска, и покрај политичкиот договор меѓу Заев и Мицкоски дека пописот се одложува.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери информираа дека пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернативата не прифатила започнување на седницата за законските измени.

Координацијата меѓу пратеничките групи продолжува и денеска, но засега е неизвесно кога законските измени ќе бидат ставени на дневен ред.

СН Брокер
To Top