Новости

Македонија

И студентскиот дом во Битола ќе стане енергетско ефикасен

Портпаролите информираа дека Владата ја усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“. Станува збор за реконструкција на студентските домови, кои со овој проект ќе станат енергетски ефикасни и ќе овозможат студентски комфор и подобра средина за живеење и учење на студентите. Програмата ќе се започне со студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, а со овој капитален зафат ќе бидат опфатени и студентските домови во Прилеп, Битола, Охрид и Штип.

Во однос на деталите за реализација на проектот за Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, портпаролот Хоџа одговарајќи на новинарско прашање истакна дека овој проект претставува капитална инвестиција и влог во нашата иднина, кој ќе ги унапреди условите за учење на студентите.

„Рокот за реализација на овој проект е до 2025 година, а истиот ќе чини околу 24 милиони евра, додека пак средствата за 2021 година се предвидени во предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука“, истакна портпаролот Хоџа.

GOLD
To Top