Какво време не очекува од утре

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со посвежи утра и со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.
