Новости

Македонија

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преподобен Герасим Јордански, родум од Либија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 март. Денеска е Преподобен Герасим Јордански.

Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан. Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим.

Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Патрик.

Тој бил роден во 385 година, во Британија. Бил најпрочуен светец во Ирска. Како бискуп со Божјите зборови им се обраќал на кралевите, а нивниот пристап на христијанството го следел народот. Свети Патрик во Ирска го вовел монаштвото. Ирските монаси одиграле голема улога во Европа. Патриковото проповедување на евангелието доживеало успех. Го напуштил овој свет во 461 година.

Евротип
Евротип
To Top