Новости

Македонија

Ковачевски: Го спречивме ударот од ценовниот шок, со мерките граѓаните штедат по 4.000 денари

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Форумот 100 дена Влада при што кажа дека го спречиле ценовниот шок со антикризните мерки.

„Со 26-те антикризни мерки, го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси.

Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин.

Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните“, вели Ковачевски.

Ковачевски исто така посочи дека карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет.

Евротип
SNBROKER
To Top