Новости

Македонија

Ковид сертификатите ќе траат девет месеци

Европската комисија денеска предложи од 10 јануари сертификатите за вакцина против ковид во ЕУ да важат девет месеци по целосната имунизација, пренесува Блумберг.

Истовремено е отворен можност за поврзување на бустер дозите со овие сертификати.

-Комисијата предлага посилно фокусирање на приод заснован врз поединечни лица кога станува збор за мерките за патување и стандардното признавање на периодот на ковид-сертификатите од девет месеци по примарната вакцинална серија, стои во соопштението од ЕК.

Во соопштението се додава дека Комисија, ако е потребно, би можела да предложи соодветен приод на важење и за сертификатите кои се издаваат и по бустер дозата.

Евротип
SNBROKER
To Top