Новости

Македонија

Ковид состојба: 53 нови случаи, 103 оздравени, еден починат пациент

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 22, Охрид – 5, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола и Велес – по 3, Тетово, Штип и Ресен – по 2, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово – 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани сe 103 оздравени пациенти од: Скопје – 75, Кавадарци – 5, Битола, Велес и Штип – по 4, Ресен – 3, Прилеп и Кратово – по 2, Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022.

Досега во земјата бројот на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.

Евротип
SNBROKER
To Top