Новости

Македонија

Ковид статистика: Нови 37 случаи од 3 658 тестирања, нема починати

Министерството за здраство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 37 случаи на ковид-19 од направени 3 658 тестирања.

Од нив, повторно во Скопје има најмногу – 15, потоа во Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти меѓу кои од Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1. Не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 543 бројката на оздравени пациенти е 150 422, на починати е 5 494, а бројот на активни случаи изнесува 627.

СН Брокер
To Top