Новости

Македонија

Ковид-19: Регистрирани 81 позитивен, нема пријавени починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 случај на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Оздравени се 77 пациенти, не се регистрирани починати лица. Во моментов активни се вкупно 378 случаи на КОВИД-19.

Од новозаболените, 56 се од Скопје, пет од Прилеп, по тројца од Битола, Кратово и Куманово, по двајца од Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип и по еден новозаболен од Берово Гевгелија и Кичево.

Оздравените пациенти се од: Скопје – 54, Битола – 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, а на починати е 9.531.

Евротип
SNBROKER
To Top