Новости

Македонија

Кое осигурување покрива штети од пукнати цевки кај соседите?

Осигурениците многу често се интересираат дали осигурувањето покрива штети предизвикани од излевање на вода од цевки и топловодни инсталации како и протекување на вода од соседен стан кон осигуренион стан. Токму таква заштита нуди пакетот СН ДОМ, вели Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување и ко-креатор на пакетот СН Дом во СН Осигурителен брокер А.Д. Битола.

 

„Кога некој го осигурува домот со пакетот СН Дом, тогаш индиректно го осигурува и домот на соседите во однос на ризици од типот на неочекувано излевање на вода од водоводни и канализациони цевки, како и од уреди за греење на простории со топла вода и пареа, поради кршење или прскање на тие цевки, односно уреди.“-вели тој.

 

Појаснува дека осигурувањето ги покрива штетите во случај на излевање на вода од уредите за топла вода, парно греење односно грејни тела и радијатори, при што водата може да ги зафати инвентарот во домот, подот, вратите, паркетот и слично.

„Исто така опфатени се штетите кои ќе настанат на вратите и касите зафатени со излеаната вода, ако водата излезе надвор од бањата и зафати дрвени подови, ламинат или паркет и истите се оштетат. Пакетот СН Дом, покрај штетите настанати од пукање на цевки, ги покрива и трошоците за замена на плочки или повторно лакирање на паркетот ако за тоа има потреба, односно покрива се што може да настане како последица на тие ризици.“-вели Паришко.

Посочува дека пакетот СН Дом покрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домакинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

Евротип
SNBROKER
To Top