Новости

Македонија

Комисијата за заразни болести дозволи одржување музички настани според строги протоколи

Минатата недела, по предлог на претставници од Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, на состанокот одржан во петокот, побараа од надлежните, да се дозволат организирање на културни и музички настани. Денес Комисијата за заразни болести, донесе одлука и го одобри нивното барање и како што рече Министерот за здравство Венко Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.

„Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.

Исто така од Авалон продукција излегоа со соопштение дека е постигнат договор со Министерството за здравство и дека концертите продолжуваат во август и септември на отворена сцена.

„Концертите се враќаат во Македонија!

Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување!

Авалон се враќа со одлична концертна понуда за август и септември – open air. Сите детали, следната недела. Време е за нешто убаво и ова лето!

GOLD
To Top