Новости

Македонија

Комисијата за заразни болести препорача укинување на две мерки

На денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ изјави дека Комисијата за заразни болести денес предложила две мерки до министерот за здравство кои треба да се проследат до Владата. Една од мерките е за укинувањето на задолжително поседување на ПЦР или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјава.

-Тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседувате ПЦР тест или сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да ви се бара туку напротив, дека при излез од земјава на онаа мерка која што беше донесена минатата година дека треба да ги поседувате и да ги покажете на нашата граница, таквата мерка се укинува, рече Мехмедовиќ.

Втората мерка се однесува за бремените жени.

-Втората мерка се однесува на бремените жени и предлогот до министерот за здравство е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде се препорачува бремените, жените кои планираат да забременат да се вакцинираат и на тој начин го заштитат своето здравје, кажа Мехмедовиќ.

Предлог мерките на Комисијата се доставени до министерот, а потоа ќе бидат дадени на разгледување во Главниот кризен штаб.

Евротип
SNBROKER
To Top