Новости

Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за граничниот режим со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението државата.

По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата.

GOLD
To Top