Новости

Македонија

Кривични пријави за двајца битолчани кај кои беше најден хероин

СВР Велес поднесе кривична пријава против две лица од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.05.2021 на патарината „Сопот“, полициски службеници извршиле преглед на возило „фолксваген голф“, во кое се превезувале пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и мешавина од кофеин и парацетамол. На 10.05.2021 тие биле спроведени до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

GOLD
To Top