Новости

Македонија

Лицата под 60 години да не примат втора доза од вакцината на „астразенека“ туку од друг производител, велат германските експерти

Германската комисија за вакцини (Стико) препорача на лицата под 60 години кои ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ да не им се дава втората доза од истиот производител.

„Додека не добиеме нови податоци, препорачуваме лицата под 60 години да не ја примаат втората доза од вакцината на ‘АстраЗенека‘, туку по 12 недели да добијат доза од вакцина со информациона РНК“, соопшти Стико.

Пред неколку дена, Германија кажа дека само луѓето над 60 години треба да се вакцинираат со „АстраЗенека“, откако биле регистрирани 31 случај на редок, но сериозен тип на тромбоза како несакан ефект. Оние кои веќе ја примиле првата доза дополнително ќе бидат известени што да прават со втората и Стико вчера соопшти дека нема научни докази за безбедноста на мешањето на две различни вакцини.

Во овој тип на вакцини спаѓаат „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.

Евротип
Евротип
To Top