Новости

Македонија

Лукаревска: 179 фирми не ја исплатиле помошта за плати на вработени

Газди на 179 фирми земеле државна помош за исплата плата, но платата наместо на вработените, ја задржале за себе. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, вели дека државата е оштетена за дури 85 милиони евра, а околу 340 вработени не си ја земале октомвриската плата. Следуваат опомени, потоа присилна наплата, но и барање за кривична одговорност.

„Покрај сите оние јавни опомени и покрај тоа што имаме соодветна постапка во Јавното обвинителство, истите се уште не ја исплатите помошта на своите вработени, а ја земале. Законот налага да се изрече прекршочна санкција, тоа е еден сегмент од тоа како ќе се постапува кон овие неплаќачи“, рече Сања Лукаревска- директорка на УЈП.

Дел од газдите кои не дале плата на вработените се истите кои ја злоупотребија помошта и за месеците април, мај и јуни. Пред сè станува збор за секторите трговија на мало, транспорт и фирми кои продаваат готова храна. Помошта во вид на исплата на плата на вработените ја искористиле близу 13 илјади фирми и земале од 14.500, па сè до 21.700 денари по вработен во зависнот од тоа колку им бил падот на приходите. Фирмите ќе може да аплицираат и за месеците ноември и декември.

Евротип
SNBROKER
To Top