Новости

Македонија

Македонија стана 46 земја во светот што ја регистрира „Спутник V“

Република С. Македонија ја регистрираше руската вакцина „Спутник V“ во забрзана процедура.

Ова го соопшти прес-службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.

На тој начин препаратот, создаден од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“, е одобрен во 46 земји со вкупен број на население преку 1,2 милијарди луѓе. Според бројот на одобренија добиени од владините регулатори, „Спутник V“ е на второто место во светот.

Првата серија вакцини во количина од 3000 дози на лекот пристигна во Македонија на 7 март. Амбасадорот на РФ во РСМ Сергеј Баздникин и министерот за здравство на РСМ Венко Филипче учествуваа на церемонијата на примопредавањето. Вакцинацијата со вакцината „Спутник V“ ќе започне во среда. Според Филипче, со оваа вакцина ќе се вакцинираат повозрасните граѓани со хронични заболувања и постарите граѓани во делот на старечките домови.

Извор: mk.rbth.com

GOLD
To Top