Новости

Македонија

Македонија требало да потроши 32 милиони евра за да добие помош од ЕУ од 750 илјади евра

„ЕУ обезбеди одржлива помош за Македонија во справување со ковид-19 од почетокот на пандемијата.

По бранувањата во јавноста дека Македонија не добила пари од Европската унија од солидарниот фонд, од Европската унија велат дека услов да се добијат парите биле државата да направи расход од 32 милиони евра во првите четири месеци од пандемијата.Бидејќи нашата држава на почетокот на пандемијата успешно се справи со ковид кризата ,потроши 7,6 милиони евра, со што ни ги исполнуваше критериумите информираат од секретаријатот за европски прашања.

Од делегацијата на ЕУ велат дека

„ЕУ обезбеди одржлива помош за Македонија во справување со ковид-19 од почетокот на пандемијата. Конкретно обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за макрофинансиска помош“,

Потсетуваат дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.

 

 

Извор: Канал5

Евротип
Евротип
To Top