Новости

Македонија

Матичните лекари добија протокол за лекување со „ивермектин“

Лекот, кој ќе се употребува и за пациенти болни од ковид-19, не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО и ќе се издава на розев рецепт.

Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-центрите во интернистичкиот блок, изготвиле мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти заразени со коронавирус.

Преку Лекарската комора, во текот на вчерашниот ден, протоколот бил испратен до матичните лекари, информираа од Министерството за здравство. .

До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерството за здравство потенцира дека „ивермектинот“ е антипаразитски лек со широк спектар на делување. Неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација.

GOLD
To Top