Новости

Македонија

Матурантите го прекинуваат бојкотот, до крајот на месецов ќе чекаат одлука од Собранието

Генералното собрание на Сојузот во четвртокот донесе одлука да го стави во мирување бојкотот и да се почека Парламентот да најде решение, откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образование.

Минатата недела претставници на Сојузот имаа средби со сите пратенички групи и очекуваат дека ќе биде поддржан предлогот за измени на Законот, со што ќе се исполни нивното барања за скратување на државната матура и наместо по четири да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

Евротип
SNBROKER
To Top