Новости

Македонија

МВР: Во соработка со Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во соработка со германските служби за борба против недозволена трговија со дрога на територијата на Германија е запленета поголема количина марихуана, соопштија од МВР.

Станува збор за марихуана со висок квалитет чија вредност е проценета на над 100.000 евра.

Во акцијата на почетокот на септември на германска територија е уапсено едно лице, а истрагата за овој случај, додаваат од МВР, продолжува и понатаму.

Евротип
Евротип
To Top