Новости

Македонија

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од судот да издаде наредба за распишување на национална потерница, а ако и понатаму не биде пронајден, за Мијалков ќе се распише и меѓународна потерница.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, за што Обвинителството бара максимална казна. Пресудата треба да биде изречена на 26 февруари.

Инаку, сучајот „Таргет – Тврдина“ влезе во судска постапка во јуни 2017 година, а се однесува на незаконското прислушување и уништувањето на опремата користена за прислушување, во периодот од 2007 до 2017 година, за што се обвинети 12 службени лица од МВР. Освен Мијалков, меѓу обвинетите се и Горан Грујевски, како началник на петта управа и поранешната министерка на МВР, Гордана Јанкуловска. Горан Грујевски заедно со уште еден началник на УБК Никола Бошковски, пребега во Грција и тамошните власти одбиваат да го екстрадираат двајцата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви и прислушувани биле над 20 илјади граѓани пренесува мета.мк

GOLD
To Top