Новости

Македонија

МВР утрово апси криумчари на артефакти во Битолско и Тетовско

Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во Тетовско и Битолско, пренесува МИА, повикувајќи се на извори во истрагата.

Според МИА, досега се уапсени осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.

 

 

Евротип
SNBROKER
To Top